Грузија: Уапсени 43 лица за време на антивладините демонстрации

Грузиската полиција синоќа уапси 43 лица за време на протестите против владата, која опозицијата ја обвинува за местење избори и одвраќање од европската интеграција.
„Полицијата уапси 43 лица за непочитување на полициските наредби и вандализам“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според нив, во насилствата повредени се 32 полицајци.
Граѓаните масовно излегоа на улиците во главниот град Тбилиси, револтирани од одлуката на владата да ги прекине преговорите за членство во ЕУ на четири години.
Според премиерот Иракли Кобахиѕе, преговорите се прекинати поради „уцени и манипулации од страна на одредени европски политичари и бирократи“.
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, ја обвини Владата дека со оваа одлука „објавила војна на сопствениот народ“.
Иако Зурабишвили поддржува членство во ЕУ, нејзината функција е претежно церемонијална.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
