-->
-->
Груевски доби 30-дневен притвор и за „Титаник“
-->
– Поранешиот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, денеска доби нов 30-дневен притвор и за предметот „Титаник“ на СЈО.
Судијата Осман Шабани, кој е претседател на Судечкиот совет, на денешното рочиште во Кривичниот суд, во однос на предлогот за определување мерка притвор за Груевски, рече дека Советот донел одлука на обвинетиот да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање.
Мерката притвор беше побарана на минатото рочиште од страна на обвинителката на СЈО Лиле Стефановска. Претходно, Судот одлучи на Груевски да му се суди во отсуство.
Денешното рочиште за „Титаник“ продолжи со читање на СМС пораки. Најголем дел од СМС пораките што се презентираат во судница се меѓу обвинетите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска и се однесуваат на организирање на гласачи од дијаспората за изборите во 2011 година.
Од СМС комуникацијата се гледа како била договарана изработка на пасоши и регрутирање гласачи и кандидати преку дипломатските претставништва во странство, но и активности за организирање гласачи во институциите.
Рочиштето доцнеше околу половина час за спроведување од притвор на обвинетиот Миле Јанакиески.
Во судница е присутен и технички советник на предлог на одбраната
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри