Груби на Форум за подобрување на транспаретноста и борбата против корупцијата во САД
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби од денеска до 26 септември е во работна посета на САД.
Во рамките на посетата, која е во организација на Републикански институт (ИРИ), Стејт Департментот и Институтот за претставување на Владата (ИПГ) во САД, како што соопштија од собраниската Комисија за европски прашања, Груби ќе учествува на Форумот за подобрување на транспаретноста и борбата против корупцијата.
Исто така, Груби ќе оствари и билатерални средби со конгресмени и претставници на Владата на САД, на кои ќе се разговара околу американската поддршка на нашите евроатлантски процеси, политичката состојба, како и за актуелните реформи во областа на правосудството и борбата против корупцијата.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
-

Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
-

Врнежите го подобрија водостојот во браните во Струмичко, но тој и понатаму е низок
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?

