Муцунски во Брисел на состанок со шефовите на дипломатите на земјите членки на НАТО
Постои реална шанса да се стави крај на војната во Украина и Македонија ќе даде силна поддршка на Претседателот Трамп и американската администрација успешно да го заврши овој процес. Шефот на македонската дипломатија пред стартот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки во НАТО вели дека сега е моментот да се врати мирот во Европа.
Во рамки на самитот се одржува и посебен настан посветен на безбедносните аспекти на коридорот 8 со кој Муцунски ќе копретседава заедно со неговиот италијански колега Тајани
На маргините на самитот Муцунски остварил и средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау на која како што информира МНР биле потврдени блиските пријателски односи со САД и било разговарано за американската улога во стабилноста на западниот Балкан.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
