Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
Пред да почне да функционира системот Сејф сити во Собранието треба да се изгласаат измени на пет закони.
Според МВР треба да се сменат Законот за извршување на санкиции, Закон за возила, Кривичниот законик, Законот за прекршоци и Законот за безбедност во сообраќајот.
Доколку сејф сити почне да функционира од први јануари, овие измени треба да бидат изгласани до крајот на декември, а доколку системот според најавите на Тошковски започне од први февруари, тогаш крајниот рок за изгласување на измените на овие пет закони треба да биде најдоцна до 31 јануари.
Без да се изгласаат, Сејф сити нема да може да функционира.
Токму пак тоа што не е сменет законот за прекршоци, за потешките прекршоци се уште нема казни затвор. Иако делото безобзирно возење од прекршочно стана кривично дело, односно возење под дејство на алкохол над 1,5 промили или под дејство на дрога, возење во спротивен правец, возење со брзина која надминува 70 километри на час над дозволената е внесено како кривично дело, сепак постои и во Кривичниот законик и во Законот за прекршоци, а според Уставот кога има вакви две постапки предвид се зема прекршочната. На оваа контрадикторност предупреди и обвинителот Коцевски.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека дел од измените се веќе извршени, додека дел се во Собраниска процедура.
Од Собранието пак велат дека Законот за извршување санкции, законот за возила и Кривичниот законик се носат мнозинство од бројот на присутни, но тие се уште не се во собраниска постапка. Ниту законот за безбедност на сообраќајот на патиштата не е во собраниска постапка, а се носи со бадендер од присутни. Единствено Законот за прекршоци е во собраниска процедура и со носи со 2/3 мнозинство во Парламентот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
