Македонија
2. December 2025 - 12:27

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете

Од 160 000 до 200 000 денари се годишно трошоците само за основните потребни на  дете во семејството во зависност од возраста. Фондацијата Фридрих Еберт и Центарот за еднаквост и правда ја претставија анализата за тоа колку ги чини родителите во Македонија одгледувањето на деца. Според нив ова се податоци кои покажуваат далеку поголеми трошоци од она што државата го зема предвид при делење на помош. Во Македонија има голем дел скриени трошоци  за родителите на ученици иако образованието во државата е бесплатно. Овие пресметки треба да бидат ревидирани од заводот на статистика и државата врз основа на реални бројки да креира политики.