Граѓаните на седум муслимански земји непречено пристигнуваат во САД
Државјани од седумте муслимански земји, кои беа опфатени со указот на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во САД, вчера непречено пристигнуваа на аеродромите во земјата, откако федерален судија ја поништи мерката.
Авиокомпаниите во светот им дозволија на граѓаните на Сирија, Ирак, Иран, Судан, Сомалија, Либија и Јемен да се качат на летовите за САД. Адвокат, кој чекаше на њујоршкиот аеродром „Кенеди“ изјави дека лицата, кои поседуваат визи и зелени карти од Ирак и Иран не се соочуваат со проблеми при пристигнувањето.
Властите на аеродромот во Каиро соопштија дека вкупно 33 мигранти од Јемен, Сирија и Ирак се качиле вчера на летови за САД.
Либански медиуми јавија дека на аеродромот во Бејрут им било дозволено на сириски семејства и на други лица од земји опфатени со забраната, да се качат на авиони преку Европа за САД.
Околу 60 илјади визи кои беа поништени со указот на Трамп, се повторно валидни, изјавија американски дипломати.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам