Големиот шумски пожар на македонско-бугарската граница се шири кон селото Стиник
Во гаснењето на трите шумски пожари што вчера и денеска избувнаа во граничниот појас меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, учествуваат педесетина лица.
Општина Ново Село формираше кризен штаб и вработени во општината и комуналното претпријатие, заедно со екипи на СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ се на местото на пожарите.
Огнената линија е во должина од околу три километри на местото Рајаново, во близина на поранешната каруала над селото Бајково.
– Пожарот се шири, местото не е пристапно за опрема и возила, а самиот ветар значително го отежнува гаснењето. Се шири кон селото Стиник, но таму е нашата екипа и се надеваме дека нема да дозволиме да се приближи, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Додаде дека е тешко да се прогнозира кога пожарите ќе бидат ставени под контрола затоа што во нив е зафатена ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.
Ново на Сител
-
Перез се враќа во Формула 1
-
Пјастри: Да бидам на чело во Формула 1 е нешто посебно
-
Гран При на Мајами останува во календарот на Формула 1 до 2041 година
-
Поранешен тренер на Јунајтед го нападна клубот: Потрошија 750 милиони евра за играчи, а се во многу полоша состојба отколку што беа тогаш
-
Сончево и многу топло
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја