Големиот шумски пожар на македонско-бугарската граница се шири кон селото Стиник
Во гаснењето на трите шумски пожари што вчера и денеска избувнаа во граничниот појас меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, учествуваат педесетина лица.
Општина Ново Село формираше кризен штаб и вработени во општината и комуналното претпријатие, заедно со екипи на СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ се на местото на пожарите.
Огнената линија е во должина од околу три километри на местото Рајаново, во близина на поранешната каруала над селото Бајково.
– Пожарот се шири, местото не е пристапно за опрема и возила, а самиот ветар значително го отежнува гаснењето. Се шири кон селото Стиник, но таму е нашата екипа и се надеваме дека нема да дозволиме да се приближи, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Додаде дека е тешко да се прогнозира кога пожарите ќе бидат ставени под контрола затоа што во нив е зафатена ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола