Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

Младинскиот хор од Солун вечер во 18:30 часот, во малата сала на Филхармонијата во Скопје ќе одржи концерт насловен „Wandering Echoes“.
Хорот на Музичкото училиште во Солун ќе се претстави со посебна програма за ова прилика која вклучува широк спектар од традиционални грчки и модерни мелодии.
Во пресрет на концертот во Скопје што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис во разговор со дописничката на МИА од Атина најави дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани, со што настапот ќе има и една симболична и емотивна димензија.
- Поканети ќе бидат и десет деца од Кочани кои ќе се запознаат со децата од хорот, тие ќе бидат наши гости и им подготвуваме и мало изненадување. Ќе го следат концертот, планирано е дружење и заеднички ручек. Ова ќе биде во чест и спомен на сите што ги загубија животите во Кочани или на кое било друго место каде што се случила таква трагедија, вели Константинидис кој е надлежен за проектот.
Солунскиот хор го сочинуваат 39 девојчиња од средни училишта, а диригент е Ангелики Крисила. Тој е еден од најдобрите хорови, со низа успеси, како и планирани концерти и настапи во иднина.
- Хорот има долгогодишна традиција и е признаен за успесите. Во минатото има одржано голем број концерти во големи концертни сали. На овој начин се обидуваме да изградиме мост на соработка со соседната земја врз основа на културата и хуманизмот, вели Константинидис за МИА.
Концертот во Скопје е на покана на Грчката амбасада и во соработка со Солунскиот државен симфониски оркестар во рамките на програмата балканска соработка и општата екстровертност на оркестарот.
Влезот за концертот е слободен, но потребна е претходна регистрација на линкот: https://forms.gle/eJmVgVnydVcmxdxk8.
МИА
Ново на Сител
-

На две различни локации во водите на Охридско езеро пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи
-

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија
-

55-годишник при извршување земјоделски работи во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи
-

Кривична за 43-годишник од Штип, свесно пропуштил да пријави извршено кривично дело
-

Утре сончево, од вторник најавени врнежи и засилен јужен ветер
-

Со „бмв“ возел 109 километри на час на место каде е дозволено 40, приведен 24-годишник од Велес
-

Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка
-

Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во кумановско
