Во Србија пониски цени за 20 основни производи во домашните продавници
Од денескa во продавниците во Србија по пониски цени може да се купат 20 основни производи за исхрана, хигиена и хемикалии за домаќинството под ознаката „подобра цена“, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ на својот Инстаграм ги повика граѓаните да ја искористат оваа акција која ќе трае до Нова година.
Производи кое ќе имаат пониска цена се: млеко, јогурт, бело сирење, јаболка, компири, тестенини, пилешко месо, салама во обвивка, безалкохолно пиво, сокови, кафе, храна за бебиња, шампон за бебиња, пелени за бебиња, шампон за возрасни, тоалетна хартија, хигиенски салфетки, детергент за миење садови и детергент за перење алишта.
Овие производи, како што наведе Момировиќ, се дел од кампањата „Подобра цена – цена за народот“ која ќе трае до 31 декември 2023 година, а со цел потрошувачите полесно да ги најдат на полиците и да ги купат, тие ќе бидат јасно означени со знак во продавниците „подобра цена“.
Момировиќ додаде дека главната цел на акцијата е цените на овие производи да бидат најниски или меѓу двете најниски во таа категорија во Европа.
Претходно, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, покажа кошница со производи чии цени ќе бидат намалени, споредувајќи ги со сегашните.
Ново на Сител
-

Приведен 28-годишен струмичанец кој бил баран по потерница за извршена тешка кражба
-

Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“
-

Кари повтори рекорд на Џордан
-

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани
-

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства
-

Мбапе по својот 400. гол: Треба да постигнам уште толку
-

Меси претпочита победа на Светското првенство пред уште една Златна топка
