Големиот шумски пожар на македонско-бугарската граница се шири кон селото Стиник

Во гаснењето на трите шумски пожари што вчера и денеска избувнаа во граничниот појас меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, учествуваат педесетина лица.
Општина Ново Село формираше кризен штаб и вработени во општината и комуналното претпријатие, заедно со екипи на СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ се на местото на пожарите.
Огнената линија е во должина од околу три километри на местото Рајаново, во близина на поранешната каруала над селото Бајково.
– Пожарот се шири, местото не е пристапно за опрема и возила, а самиот ветар значително го отежнува гаснењето. Се шири кон селото Стиник, но таму е нашата екипа и се надеваме дека нема да дозволиме да се приближи, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Додаде дека е тешко да се прогнозира кога пожарите ќе бидат ставени под контрола затоа што во нив е зафатена ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.
Ново на Сител
-

Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија
-

Нетанјаху тврди дека ќе се спротивстави на формирањето на каква било палестинска држава
-

Вицепремиерот Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата
-

Мицкоски на Празијада во селото Градошорци, Општина Василево
-

Во Калишта пронајдена неексплодирана артилериска граната
-

Тешка сообраќајна несреќа на ул.„Борис Трајковски“, едно лице загинато, а три лица се здобиле со тешки повреди
-

Тешко повредени две малолетнички, паднале од електричен тротинет
-

Анкета: Повеќето Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба
