Големиот шумски пожар на македонско-бугарската граница се шири кон селото Стиник
Во гаснењето на трите шумски пожари што вчера и денеска избувнаа во граничниот појас меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, учествуваат педесетина лица.
Општина Ново Село формираше кризен штаб и вработени во општината и комуналното претпријатие, заедно со екипи на СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ се на местото на пожарите.
Огнената линија е во должина од околу три километри на местото Рајаново, во близина на поранешната каруала над селото Бајково.
– Пожарот се шири, местото не е пристапно за опрема и возила, а самиот ветар значително го отежнува гаснењето. Се шири кон селото Стиник, но таму е нашата екипа и се надеваме дека нема да дозволиме да се приближи, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Додаде дека е тешко да се прогнозира кога пожарите ќе бидат ставени под контрола затоа што во нив е зафатена ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.
Ново на Сител
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект
-
Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии
-
Жена загина во Солун во експлозија на бомба – веројатно додека го пренесувала експлозивниот механизам
-
32-годишник пријавил дека му се заканувале преку аудио снимки и социјални мрежи, приведени двајца неготинци
-
Акциска контрола во угостителски објект покрај патот Тетово-Гостивар, приведени пет странски државјанки
-
Зеленски го отфрли предлогот на Путин за тридневно примирје