Голема криза во Шри Ланка, училиштата затворени, нема горива, недостиг на храна и електрична енергија
Властите на Шри Ланка денеска ги затворија училиштата и побараа од владините претставници да не доаѓаат на работа, во очајнички обид да се справат со големиот недостиг на горива што се очекува да потрае.
Министерството за јавна администрација побара од државните службеници, со исклучок на вработените во основните услуги, денеска да не доаѓаат на работа поради „недостигот на горива и состојбата со сообраќајот низ државата“.
И јавните и приватните училишта денеска се затворени поради влошеното снабдување со горива, во време кога илјадници луѓе чекаат во редици на бензинските пумпи.
Шри Ланка речиси остана без бензин и се соочува со голем недостиг на сите нафтени деривати.
Владата на земјата што се наоѓа на раб на банкрот, последните месеци имаше големи потешкотии да најде пари за увоз на гориво, гас и други деривати.
Жителите на Шри Ланка со месеци чекаат во редови за да купат основни потрепштини, производи што воглавно доаѓаат од увоз. Слабата национална валута го попречи и увозот на сировини за производство што дополнително ја зголеми инфлацијата.
Демонстранти ги блокираа главните патишта барајќи гас и гориво, а телевизиските станици објавуваат информации за тепачки во одредени делови на земјата при обид да се дојде до некои основни намирници.
Властите соопштија дека ја исклучуват и електричната енергија по четири часа дневно, бидејќи нема доволно енергија за нормално функционирање на системот за електроснабдување.
Ново на Сител
-

Стразбур почна постапка по жалбата на Јанкулоска
-

Судот ги одби жалбите, Паунов и Димитриев остануваат во куќен притвор
-

Власта ќе формира анкетна комисија во Собранието за сите несреќи
-

Мицкоски по апсењето на Аца Лукас: Строго и внимателно ќе се следат настапите на естрадните уметници
-

Евроскептицизмот кај младите - Дебата во Собранието
-

Утре стратегијата за образование 2026-2032 година ќе биде објавена на ЕНЕР - Јавноста ќе може да дава предлози
-

20-месечно дете од Прилеп починало во кичевската болница
-

Кедев - Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех
