Loading Video...
Свет
24. November 2025 - 12:26

Преглед на вестите од светот

Во Женева завршија преговорите меѓу виоските делегации на САД, Украина, Германија, Франција и Велика Британија за мировниот план за Украина предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот државен секретар Марко Рубио истакна дека овие состаноци биле „најпродуктивните и најзначајните“ во мировниот процес досега.

Најконтроверзниот дел за Украинците, но и за Европејците, е делот за предавање на целиот Донецк на Русија, а Европа во својот контра-предлог објави дека разговорите за територијата треба да се водат откако ќе се постигне прекин на огнот на сегашната линија на фронтот.

Европските земји презентираа ревидирана верзија на американскиот план за Украина со која се зголемува предложената големина на вооружените сили на земјата и разни територијални отстапки.  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја им Тој исто така, изрази благодарност до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош, велејќи дека нивните напори за поддршка на оваа помош се важни.

На фронтот ништо ново по 1.370-тиот од почетокот на борбите. Руските сили во текот на ноќта извршија „масовен“ напад со беспилотни летала врз Харков, при што загинаа четири лица, а неколку други беа повредени. Службите за итни случаи работат на гаснење нпожарите и на извлекување на тела по нападот.  Петнаесет напади се регистрирани во шест области на градот во североисточна Украина. Две лица загинале и во рускиот напад врз градот Марханец.

Синиша Каран од српската владејачка партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД), , победи на предвремените претседателски избори во Република Српска српскиот ентитет во рамките на Босна и Херцеговина, според прелиминарните официјални резултати.

Тој освои 50,85 проценти, победувајќи го опозицискиот кандидат Бранко Блануша, од опозициската СДС, кој освои 47,8 посто, објави Централната изборна комисија во Сараево доцна синоќа по пребројувањето на гласачките ливчиња во 92,79 отсто од гласачките места.

Прелиминарниот победник на изборите се смета за близок до соборениот претседател Милорад Додик, кој беше отстранет од функцијата поради сепаратистички активности по судска одлука. Ова доведе до предвремени избори.

Политичките набљудувачи не го гледаат Каран како продолжува со сепаратистичката кампања на Додик. Поразениот кандидат Блануша го припиша својот пораз на неодредени нерегуларности.

Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата одлучија грчките земјоделци на состанокот одржан во близина на Лариса. Според грчките медиуми, не е исклучена можноста во планот на земјоделците да бидат вклучени и блокади на гранични премини и пристаништа.

Целта на земјоделците од периферијата Тесалија е да постават заедничка блокада на автопатот Атина – Солун. Главно барање на земјоделците, покрај исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството, за кој сметаат дека е многу висок и бараат загарантирани цени за нивните производи.

Членовите на локалниот пливачки клуб ја продолжија традицијата за капење во Јакутија во вода со температура од 0 степени, но температурата на воздухот обеше -30 степени во еден од најстудените региони во светот. Оние кои пливаат во ладната вода веруваат дека таа го зајакнува нивниот имунитет и го зајакнува нивното тело од какви било болести.

Јакутск е на 5.000 км источно од Москва на рускиот Далечен Исток, и е најстудениот голем град во светот. Температурите под нулата во градот често траат од октомври до април, а понекогаш паѓаат под -60 степени.

 

МИА