Ѓукановиќ: Ќе ги потпишам законите, Уставот ме обврзува
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ потврди дека ќе го потпише Законот за слобода на вероисповед и уште неколку други закони, кои во средата беа повторно изгласани во Собранието, непроменети, бидејќи, како што рече, Уставот го обврзува на тоа.
Тој рече дека е цврсто определен за Уставот, кој пропишува дека претседателот е должен да ги потпише повторно изгласаните закони.
– Уставот е недвосмислен, не остава простор за различни толкувања, ниту за поинакво однесување на претседателот на државата, доколку тој сака да го придржува до Уставот, рече Ѓукановиќ во интервју за агенцијата НИНА.
Во средата, Парламентот на Црна Гора повторно донесе сет закони, вклучувајќи го и Законот за слобода на вероисповед, без никакви измени.
Претходно, Собранието ги донесе законите на 29 декември минатата година, но потоа Ѓукановиќ одби да ги потпише и им ги врати на пратениците на повторно изјаснување.
Ѓукановиќ рече дека нема да ги потпише предлозите за отповикување на седум амбасадори затоа што, како што посочи, „тоа би значело дека тој ќе учествува во клевета на тие луѓе“.
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска