Германија го отвора пазарот на труд за Западен Балкан
Германската владејачка коалиција го прифати предлогот на членот на Бундестагот Јосип Јуратович со кој секој странец кој има договор, на основа на тарифна спогодба со работодавачот во Германија, може да добие работна дозвола и престој на неограничено време.
Притоа, владејачката коалиција предлага ограничен контингент од 20.000 работни дозволи годишно, соопштуваат од канцеларијата на Јуратович, пренесува Танјуг.
Јуратович, кој е пратеник за интеграција од фракцијата на германската Социјалдемократска партија во Бундестагот, воедно се залага за остварување право на престој во Германија за државјаните од Западен Балкан со цел легално да можат да добијат дозвола за рбаота и со тоа да ја избегнат опасноста од искористување и протерување, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за Васев
-
Пробацијата како замена за затворските казни
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, откако ЕУ забрани увоз на руски енергенси
-
Сезоната на грип почна – досега вакцинирани над 8 000 граѓани од ризичните групи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судиите ретко одлучуваат за условен отпуст
-
Наместо да заврши, жетвата на ориз не е ниту на почеток
-
Неистражени средновековни тврдини