-->
-->
Германија го испрати системот за воздушна одбрана „Патриот“ во Полска во близина на украинската граница
-->
Германија вчера ги испрати првите две од трите планирани единици за противвоздушна одбрана „Патриот“ во полскиот град Замошќ во близина на границата со Украина, каде ќе бидат распоредени за да се спречат напади со залутани ракети.
Откако во ноември минатата година две лица загинаа од заскитан украински проектил што го погоди полското село Пржеводов, а инцидентот предизвика страв дека војната во Украина ќе се прелее преку границата, Берлин понуди да распореди три од своите единици „Патриот“ во Полска за да помогне во обезбедувањето нејзиниот воздушен простор.
„Една од причините зошто Германија сега ќе го поддржува источното крило на НАТО во Полска со „Патриоти“ е секако затоа видовме колку брзо може да дојде до прелевање на конфликтот меѓу Русија и Украина на земјите-членки на НАТО“, изјави полковникот Јерг Сиверс за новинарите во источногерманскиот град Гнојен пред истраќањето на единиците „Патриот“.
Сиверс, кој ќе командува со германската единица во Полска, ја подвлече одбранбената природа на системот „Патриот“.
-„Патриот“ е стриктно одбранбен систем и се надеваме дека ќе можеме да обезбедиме доволно заштита таму за да спречиме напади или несреќи како тие во ноември“, додаде Сиверс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга