Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
Украина останува на својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој истакна дека Русија го отфрли не само американскиот предлог за целосен и безусловен прекин на огнот, туку и вчерашниот предлог – „предлог да продолжат активностите за целта да се постигне мир по Велигден“.
- Сето ова уште еднаш демонстрира што Москва навистина сака. Сепак, Украина останва на предлогот барем да не се гаѓа цивилната инфраструктура. И очекуваме јасен одговор од Москва. Ние сме подготвени на секој разговор како тоа да го обезбедиме, рече украинскиот лидер во своето редовно вечерно обраќање до нацијата преку видео порака, пренесена од украински Интерфакс.
Според него, прекинот на огнот е првиот, сигурен чекор кон мирот.
„Постои очигледен, наједноставен и најсигурен начин, и тоа е: запрете ги ракетните и далекуметните напади со дронови,а тоа автоматски ќе ја гарантира безбедноста на целата цивилна инфраструктура“, додаде Зеленски.
Украинскиот претседател напомена дека руските напади продолжиле и денеска долж целата линија на фронтот.
„Само до средината на вчерашниот ден имаше речиси 3.000 гранатирања, напади и други удари. Имаше употреба на руските проектили, „Шахеди“ речиси 90 воздушни бомби, употреба на тешко вооружување и дронови. Руските напади продолжуваат на целиот фронт“, рече Зеленски.
Тој, исто така, нагласи дека главната задача на украинските претставници на претстојната средба во Лондон, што ќе се одржи оваа недела, е постигнување безусловен прекин на огнот.
„Мирот доаѓа во тишина. А само кога владее вистинско примирје и кога луѓето имаат доверба во целиот процес на преговарање, тогаш може да се решат суштинските прашања“, заклучи Зеленски
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше
-
Конте може да го напушти Наполи: Ми треба почит, не можам да живеам со надеж за чуда