Гебреисус: Има знаци на надеж во борбата против пандемијата
Светска здравствена организација денеска оцени дека полека се појавуваат знаци на надеж во борбата против панмдемијата со Ковид-19, но предупреду дека државите ќе мора да продолжат да работат на превентивните мерки со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус.
Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус на онлајн брифингот истакна дека постојат знаци на надеж иако и понатаму се зголемува бројот на новозаболени во многу делови од светот.
Тој ја поздрави веста за првичните резултати од клиничките истражувања дека ефтиниот и широко распространет стероид дексаметазон може да помогне во лекувањето на пациентите.
Извршниот директор на СЗО за вонредни програми Мајк Рајан истакна дека е важно употребата на дексаметазонот да се резеррвира за лекување на тешкоите случаи од новиот коронавирус.
Во истражувањето на тимот научници од Оксфорд на околу 2.000 пациенти во болница им бил даден дексаметазон и нивните резултати биле споредени со околу 4.000 пациенти кои не го примале лекот. Пациентите на респиратори имале намален ризик од смрт од 40 на 28 проценти, додека пациентите на кислород имаат намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти.
Лекарите, исто така, ја истакнуваат и неговата цена, бидејќи третманот со овој лек за 10 дена чини околу пет фунти по пациент, или 35 за да се спаси живот, а притоа тој е достапен ширум светот.
Ново на Сител
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците