Функционерите на СДСМ кои гледаа ракомет Македонија - Данска казнети со по 500 евра
Функционерите на СДСМ кои следеа натпреварот Македонија - Данска од трибините во салата „Борис Трајковски“ треба да платат по 500 евра казна. Полицијата утврди дека директорот на зоолошката градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, пратеникот Дарко Каевски и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, ги прекршиле мерките за заштита од коронавирус, но не со присуството во салата туку со групирање во група поголема од четири лица.
„Лицата беа повикани во полициска станица, исто како и организаторот на мечот. Бидејќи е утврдено дека истите лица се групирале во група повеќе од четири лица, ќе им биде издаден платен налог од 500 евра во денарска противвредност по Законот за заштита на населението од заразни болести“, велат од МВР за „А1он“.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите