Францускиот министер за одбрана смета дека е можна коалиција против ИД со учество на Русија
Францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан изјави вчера дека промената на позицијата на Русија кон случувањата во Сирија овозможува создавање на единствена коалиција против Исламска држава.
- Забележувам дека Русија ја менува позицијата, бидејќи уште денеска (!7 ноември) таа изврши напади со балистички ракети во Рака, која е упориштето на ИД во северна Сирија, изјави министерот за интервју за француската телевизија Те-Еф 1.
Тој нагласи дека Русија ги почнала воздушните напади уште пред неколку недели, при што најчесто цел биле бунтовниците, кои се борат против силите на претседателот Башар ал Асад.
- Но потоа се случи таа трагедија, тој напад на Даеш врз руски авион, кој беше целосно уништен, додаде Дриан.
Во тој контекст, според него, голема коалиција против ИД, за чие создавање повика Франција по нападите во Париз, може да стане реалност бидејќи позицијата на Русија евалуира.
Ново на Сител
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка