Фон дер Лајен: Правиме се за земјава да ги отвори преговорите за првиот кластер, но потребно е да се разработат и уставните измени
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска во Скопје на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека ги вложуваат сите напори со цел земјава да ги отвори преговорите за првиот кластер „Темели“, но додаде дека потребни да се разработат и уставните измени.
Фон дер Лајен на новинарско прашање за тоа дали смета дека условувањата кон земјава за уставни измени се диксриминирачки, но и дали уставните измени со одложено дејство се прифатливи рече дека ЕУ ќе и помогне на Северна Македонија да ја спроведе преземената обврска на секој дел од патот.
-Ние ќе помогнеме да се спроведе обврската што Северна Македонија ја презеде како суверена земја на секој дел од патот. За мене е мошне важно тоа што имаме јасна цел. Работам колку што можам за да можеме да ги отвориме преговорите за кластерот „Темели“, тоа е нашата краткорочна цел засега и уставните промени треба да се разработат. За мене тоа е важно, важно е и е во интерес на Северна Македонија да бидеме успешни и затоа сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот за да стигнеме до заедничката цел. Може да сметате на нас. И мене ми е навистина важна, да не се вртиме многу наназад, туку да гледаме кон иднината и сакаме да го пишуваме следното поглавје од нашата заедничка иднина заедно, рече претседателката на ЕК.
Ново на Сител
-
Априлски снег во Охрид
-
Пензионерите против враќањето на старата методологија за пресметка на пензиите
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни