Финска ги прекинува железнички врски со Русија
Финската државна железничка компанија информираше дека од почетокот на идната недела го прекинува сообраќајот меѓу Хелсинки и рускиот град Санкт Петербург, затворајќи ја за Русите една од последните транспортни врски со Европската унија, јави Хина.
Поради санкциите за Русија, државата му соопшти на ВР Груп (операторот со железничкиот сообраќај), дека веќе не е соодветно да се обезбедува превоз до Санкт Петербург, појасни денеска, раководителот на секторот за превоз на патници, Топи Симола.
– Затоа, засега, се прекинува сообраќајот, додаде Симола.
Досега сообраќаа возови, меѓудругото, за да им се овозможи на Финците, кои живеат во Русија, да се вратат во Финска, изјави за Хелсингин Саномат, министерката за државен имот, Тити Тупураинен.
Возовите од Русија до главниот град на Финска се преполни од почетокот на руската инвазија на Украина и од прекинот на летовите меѓу Русија и ЕУ, поради затворање на воздушниот простор.
Границата меѓу Финска и Русија и понатаму ќе биде отворена за патнички автомобили.
Ново на Сител
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
