Фалон: Администрацијата на Трамп го менува односот кон Русија

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го менува односот кон Русија и на Москва веќе гледа како на соперник, изјави британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон.
- Американскиот државен секретар и американскиот министер за одбрана не си прават илузии и знаат дека сега треба да се однесуваме кон Русија како кон соперник, реле Фалон за време на посетата на Естонија.
- Треба да разговараме со Русија за важни теми, но треба и да постојано да сме будни. Ние сме единствени во однос на Русија и во однос на потенцијалните закани од неа, додаде тој.
Фалон присуствуваше на церемонијата во Тала, на 150 километри од руската граница, на пречек на воена група на НАТО во Естонија како дел од стратегијата на Алијансата за спречување на Русија во повторување во балтичките земји или во Полска на она што се случи со Крим во 2014 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
