Факултетот за туризам и угостителство во Охрид одбележа 45 години од основањето
Со пригодна свеченост денеска беше одбележана 45-годишнината од основањето на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, образовна институција на која во досегашното нејзино постоење дипломирале повеќе од шест илјади студенти.
Деканот Цветко Андрески во обраќањето пред присутните на свеченоста истакна дека кадри што излегле од Факултетот за туризам и угостителство денеска работат како признаени експерти во Владата, Царинската управа, Агенцијата за супервизија и осигурување, во сите осигурителни компании во земјата, низ шпедициите, во сите хотели во државата...
- Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е најстарата високообразовна институција во земјава и една од најстарите во регионот која продуцира кадри од областа на туризмот и угостителството. Ги има сите три циклуси на студии, прв, втор и трет, како и голем број на познати и признати истражувачи, рече Цветкоски истакнувајќи дека и натаму на ФТУ ќе се работи на проширување на наставната програма како и на подобрување на стандардите за повисок квалитет.
На неколку професори им беа врачени пригодни подароци по повод јубилејот, додека свечениот коктел го приготвија студентите од гастрономската насока на високообразовната институција.
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?