-->
-->
Еве што заплени полицијата во комбето на СДСМ
-->
Од возило на СДСМ е одземена опремата со која изминатиов период беше нанесена штета од 250.000 евра при вандалскот дивеење на опозициски активисти за кои во јавноста излегоа цврсти докази дека се дебело платени за ваквите демонстрации во кои се оштетуваат спомен- обележја и државни објекти.
Во јавноста веќе нема дилеми дека нема ништо граѓанско во вандалските протести на опозицијата. СДСМ и СОРОС го организираат и реализираат фарбањето на државата преку нивни платеници коие секојдневно го шараат градот за остварување на своите цели, рушење на легитимно избраната влада и доаѓање на избори без почитување на волјата на народот.
Бои и катапулти се изборната програма на СДСМ. Опремата за уништување на јавниот имот се разнесувала со партиско возило на СДСМ. Синоќа на раскрсница од ул.11 Октомври и ул.Кочо Рацин, од страна на сообраќајна патрола беше запрено возило Фиат Добло со регистерски ознаки СК-422-ВЦ, сопственост на СДСМ во кое имало акрилни бои кои биле користени за време на вчерашното сквернавење на Порта Македонија.
Во акцијата беше приведен возачот на комбето, лицето Новица Павиќ (54) од Скопје (член на СДСМ) кое на социјалните мрежи може да се види во друштво на луѓето вработени во кабинетот на Заев, неговиот возач, партискиот снимател, шефот на протокол и лицата задолжени за односи со јавност. Како шо објавија медиумите вчера, Павиќ одбивал да разговара во полиција и го повикал партискиот адвокат Мирослав Вуиќ, кој инаку пред македонските судови го брани и сопартиецот на Заев, Захир Бекири- Чауш.
Со вечерашната акција се потврди дека нема ниту “Г” од граѓанство во насилните протести со кои бес осквернавени бројни спомен обележја. Веќе нема дилема кој ги организира катапултите како дел од украинското сценарио и кој ги снабдува со бои хулиганите што дивеат на улиците. По објавувањето на списоците на платениците на Сорос не постојат ниту дилеми околу финансиската конструкција, односно кој ги плаќа најагресивните хулигани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис
-
Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?
-
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
-
Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда
-
Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ | ВИДЕО
-
Кривична за 49 лицa кoи вршeлe злоупотреба на постапката за стекнување со туѓа нега и инвалидски пензии
-
Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот
-
Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот