Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, успешно откри и спречи обид за шверц на 104 пакети цигари со вкупно 5.200 штеки цигари. Камионот кој бил пријавен како празен на излез од државата на граничен премин Ново село, е селектиран за детален царински преглед. Прегледот е извршен од инспектори од Одделението за оперативни работи кои имаат врвни откривачки оперативни капацитети.
При деталниот преглед во полуприколката ладилник во предниот дел е откриен специјално конструиран бункер со преграда каде се откриени цигарите. Преземени се истражни дејствија од инспекторите од Одделението за истраги и поднесена е кривична пријава против возачот, српски државјанин. За случајот вчера на гостување во главниот Дневник на МРТВ говореше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
„Една од клучните обврски, нотирани и со извештајот на ЕК, на што сме во целост посветени е борбата со царински измами и спречување обиди за шверц на тутун и тутунски производи“, вели тој.
Директорот во интервју за МРТВ потенцира дека годинава заклучно со 30 ноември, Царинската управа по основ на увоз на тутун и тутунски производи наплатила 15,3 милијарди денари, што претставува раст од 10 % во однос на минатата година.
Во гостувањето директорот нагласи дека кумулативно, заклучно со 30 ноември, годинава се наплатени приходи од 1,95 милијарди евра, што е за 86,9 милиони евра повеќе од лани истиот период, што претставува раст од 4,7 %. Раст е забележан по сите основи: приходите од наплата на царина со раст од 15,1 проценти, од ДДВ при увоз 3,2 % раст, од ДМВ од 10,9 % и од акциза 4,6 %.
Високата наплата на приходи беше истакната и од страна на ЕК во последниот извештај за напредокот на државата.
Ново на Сител
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
-

Муцунски во Брисел на состанок со шефовите на дипломатите на земјите членки на НАТО
-

Повеќе од 200 компании се вмрежуваа на бизнис форумот Македонија-Србија
-

Сител сторија: Меѓународен ден на лица со попреченост - Предизвици на децата и родителите
