-->
-->
ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра
-->
Европската унија ќе воведе контра тарифи за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум, соопшти Европската комисија.
Контрамерките ќе стапат на сила следниот месец. „Ова е соодветно на економскиот опсег на американските тарифи. Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора.
Почнувајќи од 1 април и целосно во сила од 13 април“, нагласи Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија. „Подготвени сме да се вклучиме во значаен дијалог.
Му доверив на комесарот за трговија Марош Шефчович да ги продолжи разговорите за изнаоѓање подобри решенија со САД“, додаде фон дер Лајен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати