Пет загинати и десетина повредени во автобуска несреќа на автопат во Њујорк
Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти.
Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани.
Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека автобусот се движел од Нијагарините водопади кон Њујорк.
О’Калаган рече дека возачот на автобусот, кој се движел со „полна брзина“, ја изгубил контролата и удрил во заштитна ограда, предизвикувајќи превртување на возилото. Некои патници биле исфрлени од своите седишта, додека други биле заробени во остатоците од возилото.
Во несреќата не биле вклучени други возила.
Властите го затворија автопатот во двата правци по несреќата.
МИА
Ново на Сител
-
И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
-
Проширувањето во фокус на средбата на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство
-
Два активни пожара, три ставени под контрола
-
Путин ги пофали „невидените“ врски со Кина на почетокот на разговорите со Си
-
Над илјада загинати по катастрофалниот земјотрес во Авганистан
-
Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун
-
Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени