ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ).
- Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии, соопшти Советот на ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението се нагласува дека оваа одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната.
- Таа ја одразува доследната посветеност на партнерите за унапредување на нивната соработка во оваа политичка област, имајќи ја предвид целосната усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се додава во соопштението.
Согласно одлуката, ЕПФ за АРСМ ќе обезбеди технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, потоа логистичка и инженерска опрема, како и комуникациски и информациски системи, а ќе обезбеди и техничка обука за користење на опремата.
Европскиот мировен фонд е основан во март 2021 година за финансирање на активности во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ насочени кон спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.
Преку ЕПФ, ЕУ финансира активности наменети за зајакнување на капацитетите на трети држави и регионални и меѓународни организации поврзани со воени и одбранбени прашања.
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија