ЕУ и Велика Британија постигнаа трговски договор
Велика Британија и Европска Унија денеска се договорија за трговскиот договор по Брегзит, јави Би-Би-Си.
– Со овој договор е испорачано се што и беше ветено на британската јавност за време на референдумот во 2016 година и на општите избори минатата година. Ја вративме контролата над нашите пари, граници, закони, трговија и нашите риболовни води.
Во соопштението се наведува дека договорот е фантастична вест за семејствата и фабриките во сите делови на Велика Британија.
– Потпишавме прв договор за слободна трговија заснован на нулта царини и нулта квоти, што е некогаш постигнат со ЕУ. Договорот е најголем билатерален трговски договор потпишан со која било страна… Договорот исто така гарантира дека не сме повеќе во лунарна привлечност со ЕУ, не сме поврзани со правилата на ЕУ, не постои улога на Европскиот суд за правда и постигнати се сите наши клучни црвени линии за враќање на суверенитетот, се истакнува во документот од британската Влада.
Исто така се потенцира дека со постигнатиот договор Велика Британија „ќе има целосна политичка и економска независност од 1 јануари 2021 година.
– Завршивме Брегзит и сега можеме целосно да ги искористиме фантастичните можности што ни се достапни како независна трговска нација, склучувајќи трговски договори со други партнери ширум светот, соопшти британската Влада.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
