Економска соработка на Ресен, Корча и Пустец

Меморандум за економска соработка на пограничните општини Ресен, Корча и Пустец ќе потпишат денеска градоначалниците Ѓоко Стрезовски, Сотираќ Фило и Едмонд Темелко.
Со меморандумот ќе се регулира воспоставување поблиска економска соработка на трите општини и бизнис секторот во прекуграничниот регион што треба да придонесе за забрзан економски развој на локалните заедници.
На потпишувањето на меморандумот во Ресен ќе присуствуваат и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија Стојан Карајанов и префектот на областа Корча Ардит Кономи, како и бизнис делегации од македонска и албанска страна, кои наскоро треба да формираат мешовити економски комисии за регулирање и спроведување на економската соработка на пограничните општини Ресен, Корча и Пустец.
По потпишувањето, предвидено е бизнис делегацијата од Албанија да ги посети фабриката „Свислион Агроплод Ресен“ и откупно дистрибутивниот центар на „Епл Ленд“.
Ново на Сител
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
