-->
-->
„Егзит 2017 - Поврзување на континентот“ во Кавадарци
-->
Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци вечер ќе биде отворена изложбата „Егзит 2017 – Поврзување на континентот“ на уметничката група Егзит од Јужна Кореја.
Претставени ќе бидат дела од Гиљце Цонг, Донграк Сон, Иксонг Џин, Инсук Риу, Јунтек Са, Кјусан Ли, Лој Ким, Миџонг Ли, Сангу Хан, Санјонг Ли, Чанглим Ли и Џијан Мун.
Македонската публика имаше можност да ја види изложбата во август 2016 во Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица, заедно со делата на повеќе македонски автори, кои беа дел од изложбата...„Патување“.
„Егзит 2017 – Поврзување на континентот“ ја организира уметницата Маја Кировска во соработка со Домот на култура „Иван Мазов-Климе“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце