-->
-->
Египетската армија елиминира 19 џихадисти на Синајски Полуостров
-->
Египетската армија денеска соопшти дека ликвидирала еден од религиозните лидери на огранокот на Исламска држава при воздушен напад на Синајскиот Полуостров.
- Вкупно 19 џихадисти загинаа во неколкуте воздушни напади, меѓу кои и началникот на Комитетот за религиозни прашања на групата Ансар Бејт ал Макдис, се наведува во соопштението на египетската армија.
Ансар Бејт ал Макдис извршила повеќе напади врз египетските безбедносни сили во северниот дел на Синај, а од 2014 година групата се заколна на верност на ИД и се преименува во Провинција Синај.
На девети април во два самоубиствени напади на ИД врз две коптски цркви во Александрија и во Танта загинаа 45 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар