Едно лице загина кај браната Калиманци во директен судар на камион и автомобил
Вчера во 15,50 часот на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина на браната “Калиманци“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Р.Бугарија и патничко моторно возило „Опел Аскона“ без регистерски ознаки, управувано од Б.В. (30) од Кочани.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кочани од каде како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 20,50 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево.
Во времето од 15,50 до 18,40 часот сообраќајот бил во прекин.
Возачот на товарното моторно возило В.М. бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти