Една жртва и тројца повредени во страотна сообраќајна на автопат
В.Ѓ. (40) од село Нозрина во Алексинац загина, а уште три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случила во таа општина.
Таа била патник во возило „мазда“ со алексиначки таблици со кое управувал С.Ѓ. (47) исто така од Алексинац , кој директно се судрил во возило „мерцедес“ со алексиначка регистрација со кое управувал Д.М. (68).
Повредени се и двајцата возачи кои се префрлени во нишкиот Клинички центар, како и сопатничката во „мерцедесот“ С.М. (69), која е задржана на лекување во Здравствениот центар во Алексинац.
Директорот на нишкиот ургентен центар соопшти дека С.Ѓ се здобил со тешки телесни повреди односно имал повреда на градниот кош, а другиот маж по прегледот е вратен во болницата во Алексинац на натамошно следење на состојбата.
Нишката полиција соопшти дека е направен увид и се истражуваат причините за несреќата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата