Единствена Русија ја поздрави победата на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата

Сергеј Железњак, заменик на секретарот на Генералниот совет на руската партија Единствена Русија преку својот фејсбук профил ја поздрави победата на ВМРО ДПМНЕ и "Колацијата за подобра Македонија".
" Им честитаме на партијата ВМРО ДПМНЕ, Демократската партија на Србите во Македонија и сите партнери во "Коалицијата за подобра Македонија" на заслужената победа. Им посакуваме на нашите македонски истомисленици успешно средување на политичкиот дијалог во земјата , постигнување консензус за формирање на новиот состав на Парламентот и новата Влада на Република Македонија, вели во честитката Железњак.
Единствена Русија, партијата која ја води рускиот Претседател Владимир Путин на овие избори даде официјална поддршка за Демократската партија на Србите во Македонија предводена од Иван Стоилковиќ и нејзините коалициски партнери во "Kоалицијата за Подобра Македонија".
Ново на Сител
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведените од Комуналец и утрово во полициска станица
-

Меѓународен форум за енергија во Скопје
