Џафери се уште не ја примил Иницијативата за референдум од Левица
– Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште не ја примил Иницијативата за одржување на референдум од Левица, соопшти неговиот Кабинет.
-До овој момент претседателот Џафери ја нема примено Иницијативата за одржување референдум од политичката партија Левица, информираат од Кабинетот на Џафери.
Од таму наведуваат дека во моментот кога официјално ќе ја примет Иницијативата ќе информираат преку соопштение за одговорот на претседателот на Собранието кон подносителот на иницијативата.
Партијата Левица во петокот поднесе Иницијатива за референдум со 750 собрани потписи. Референдумското прашање што го предлагаат е: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022?“. Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев тогаш изјави дека процедурата институционално била комплицирана изразувајќи надеж дека ќе се исплати бидејќи формално правно прашањето е јасно поставено и оти не очекува Џафери да го отфрли.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска