Македонија
4. July 2018 - 13:59

Две разбојништа и кражба на возило во Скопје

Вчера во 04.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ј.И. (29) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03.30 часот на ул. „Московска“ три непознати лица му извршиле разбојништво. Едно од лицата со закана со нож му одзеле околу 42.000 денари, по што физички го нападнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Исто така вчера во 12.20 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен во бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје, кај хотел „Белви“, пријавил дека две непознати лица извршиле разбојништво над него. Сторителите со закана со 

пиштол му одзеле околу 50.000 денари и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

А во Полициската станица Бит Пазар, Р.Д. (46) од Скопје пријавил дека во периодот од 23.30 на 02.07.2018 до 09.00 часот на 03.07.2018 година на булеварот „Крсте Мисирков“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „БМВ 530Д“  со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.