Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор, Апелација од Штип ги отфрли жалбите на Обвинителството
Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.
Со тоа останува решението за определување куќен притвор на Димитровски и Илиев, а Основниот суд Кочани ќе треба да одлучува повторно само за изречената мерка на претпазливост - привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на Димитровски.
Апелациониот суд во Штип, информира дека денеска на нејавна седница, постапувјаќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димиторвски на определената мерка на претпазливост.
- Решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.2 од истото СЕ УКИНУВА и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување, се вели во решението од Апелација Штип.
Во однос на изјавената жалба против решението на Основен суд Кочани со кое на осомничениот Николчо Илиев мерката притвор е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, Апелација Штип информира дека денеска на нејавна седница е донесено решение со кое се отфрла како недозволена.
- Жалбата изјавена од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основниот суд во Кочани Кс-34/25 од 24.03.2025 година,- СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА, стои во соопштението од Апелација Штип.
Донесените одлуки, информираат од Апелација Штип, со образложени причини за истите ќе бидат достапни за прелистување и на веб страната на судот во текот на наредниот ден.
Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 26 март годинава донесе одлука со која мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат.
Во традгичниот пожар што е случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 лица, а околу се 200 повредени.
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати