-->
-->
Двајца вработени во градинка во Крива Паланка позитивни на Ковид-19, установата ќе паузира две недели
-->

Во детската градинка „Детелинка” во Крива Паланка потврдени се двајца вработени позитивни на Ковид-19, поради што од управата на установата е донесена одлука за затворање на градинката во следните 14 дена.
Во објавата на фејсбук-профилот на ОЈУДГ „Детелинка” информираат дека станува збор за една негувателка, којашто беше дијагностицирана пред три дена, по што во изолација се дечињата од групата во која истата работеше, а по тестирање на сите вработени поради претпазливост, потврдено е присуство на вирусот и кај едно лице од техничкиот персонал.
– Ги известуваме родителите дека во нашата градинка до сега се потврдени два позитивни случаи на корона вирусот. Заради навремена превенција и заштита на здравјето на децата, но и можна изолација на целиот кадар, градинката „Детелинка” нема да работи во следните 14 дена. Се надеваме дека се ќе заврши добро по здравјето на сите вработени и дечиња. Чувајте се сите и останете во добро здравје, се наведува во објавата на детската градинка.
Од градинката посочуваат дека работата во градинката се реализираше во согласност со сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур