Двајца Турци уапсени во САД за тепачката при посетата на Ердоган на Вашингтон
Двајца Турци кои постојано живеат во САД се уапсени од полицијата во врска со немирите и тепачката, што се случија во текот на минатомесечната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Вашингтон.
Насилствата избувнаа во непосредна близина на резиденцијата на турскиот амбасадор во американскиот главен град, кога приврзаници на Ердоган, но и луѓето од неговото обезбедување нападнаа демонстранти кои протестираа поради неговата посета на САД.
Уапсените Турци се обвинети за насилство и за насилничко однесување.
Полицијата ги обвинува дека „брутално ги нападнале“ луѓето кои мирно протестирале пред зградата на резиденцијата.
Весникот „Њујорк Тајмс“ пишува дека претседателот Ердоган во тие моменти бил во службениот автомобил и е сведок на сето она што се случувало.
Двајцата уапсени се означени како подржувачи на турскиот претседател.
Полицијата утврдила дека тие допатувале, специјално, во Вашингтон за да му изразат поддршка на Ердоган, но полицијата не знае дали тие имаат некаква врска со обезбедувањето на турскиот претседател.
Во време на инцидентот американските медиуми ги обвинуваат луѓето од безбедноста на претседателот на Турција дека биле иницијатори за пресметката со противниците на Ердоган и луѓето кои мирно протестирале.
Ново на Сител
-
Проекти и ветувања на кандидатите за Град Скопје
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања