-->
-->
Двајца египетски полицајци и тројца војници на ИД се убиени во престрелка во Синај
-->
Двајца египетски полицајци и тројца припадници на Исламска држава синоќа се убиени во престрелка во северниот дел на Синајскиот полуостров, јави ТАСС.
Група терористи нападнале контролен пункт на египетските сили за безбедност.
Египет беше преплавен од невиден бран на насилство по соборувањето од власт, од страна на армијата, на претседателот исламист Мохамед Морси во јули 2013 година.
Најкритична точка во земјата стана северен Синај, каде нападите на џихадисти против војската и полицијата се секојдневие.
Како резултат на тоа беа убиени стотици припадници на египетските сили за безбедност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани