-->
-->
Дваесет и седум години од загинувањето на војникот Јован Димитров
-->
Дваесет и седум години од загинувањето на војникот Јован Димитров беа одбележани денеска во Неготино, со положување цвеќе пред неговата спомен биста. Младиот неготинец го загуби животот на 19 години, во воениот конфликт на просторот на поранешна Југославија, во 1991 година.
Обраќајќи се пред присутните, неготинскиот градоначалник, Тони Делков изрази искрено и длабоко сочуство до најблиските на прерано загинатото момче. Тој ја истакна должноста, како и во изминатите 27 години, така и во иднина, да продолжи негувањето на сеќавањата за Јован.
Во негова чест, во организација на општина Неготино и Боречкиот клуб од овој град, се одржува седмиот меморијалниот турнир во борење, кој го носи името на Јован Димитров, а на кој учествуваат 70 борачи од цела држава
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата