-->
-->
Драстични казни за ПАОК и газдата Савидис
-->
Екипата на ПАОК дефинитивно ги губи шансите за шампионскиот трофеј откако грчката фудбалска федерација преку својата дисциплинска комисија изрече драконски казни за тимот од Солун по нередите и прекинот на дуелот против АЕК, во домашното првенство. Високи казни се одредени и за сопственикот на ПАОК Иван Савидис кој влезе со пиштол на теренот, револтиран поради поништениот погодок на домаќините во 90 минута.
Проблемите настанаа кога судијата го поништи голот поради наводен офсајд, што наиде на жестока реакција кај сите во ПАОК. Доколку тој погодок беше признат, тимот од Солун ќе победеше со 1:0 и ќе избиеше на чело на табелата, што ќе значеше чекор од титулата.
Сепак, сега титулата останува само сон, бидејќи Дисциплинската комисија го регистрираше прекинатиот меч со службена победа на гостите од 3:0. Освен тоа, на ПАОК ќе му бидат одземени три бода, а во следната сезона ќе започне со минус од два бода и првите три меча на свој терен ќе ги игра пред празни трибини. Паричната казна е 63.000 евра за клубот.
Газдата на ПАОК, Савидис доби забрана за влегување на стадион во следните три години, а треба да плати и 100.000 евра.
Од ПАОК најавија жалба на оваа казна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен кавадарчанец, возел со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
-
Од 968 сообраќајни прекршоци вчера, 636 за брзо возење
-
Бројот на одобренија за градење во март зголемен за 4.0 %, а на предвидената вредност на објектите за 244.2 %
-
Приведен кумановец за поседување дрога, при претресот на домот констатирале и дека краде струја
-
Преброени 31,07 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама