Бизнис
12. May 2025 - 12:28

Бројот на одобренија за градење во март зголемен за 4.0 %, а на предвидената вредност на објектите за 244.2 %

Во март 2025 година се издадени 334 одобренија за градење, што е за  4.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  20 153 302 илјади денари, што е за  244.2 % повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за изградба на станица за пречистување отпадни води за Град Скопје, кое е со голема вредност.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 185 (55.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 64 (19.2 %) за објекти од нискоградба и 85 (25.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 334 објекти, на 149 (44.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 185 (55.4 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 685 станови, со вкупна корисна површина од 57 039 м2.