Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
По последното невреме кое што се случи овде, во комуникација сме со градоначалникот и локалната администрација. Ќе извршам увид и лично ќе ја процениме состојбата од невремето кое што го зафати овој дел на општината, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој денеска е во посета на Општина Василево.
Тој напомена дека е информиран од градоначалникот оти веќе се формирани Комисии за процена на штета.
-Тука морам да кажам дека Министерството со стручни луѓе од Подрачната единица учествува во овие Комисии се со цел проценката да се изработи стручно, појасни министерот.
Тој информира дека тече Јавниот повик за пријавување на штета, првичните барања веќе се пристигнати.
-Деновиве, Комисиите ќе излезат на терен нема да го чекаат крајниот рок до 20-ти мај кога треба да заврши повикот за пријавување на штети, се со цел да направиме благовремена процена на штетата која што е причинета, затоа што се работи за раноградинарски производи. Треба да излеземе во пресрет на земјоделците, побргу да ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени, посочи Трипуновски.
Тој рече дека по завршување на целата проценка, согласно изработка на збирниот елаборат, ќе биде доставено до второстепена комисија на Владата, понатаму на Влада ќе се одлучи за висината на проценката.
Ново на Сител
-
Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Работниците во фабриките на Форд во германскиот град Келн ќе штрајкуваат за прв пат
-
Нетанјаху: Преговорите со Хамас ќе продолжат „под оган“
-
Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026
-
Телефонски разговор Зеленски – папата Лав XIV
-
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар
-
Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
-
Битолчанка со измама добила лична карта и трансакциска сметка од друго лице, и на негово име подигнала брз кредит