Преброени 31,07 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама

Според официјалните резултати објавени од албанската Централната изборна комисија, до денеска претпладне, избројани се гласачките ливчиња од 1.624 гласачки места или 31,07 отсто од вкупно 5.225 на колку што се гласаше во текот на вчерашниот ден.
Податоците од до сега преброените гласачки ливчиња потврдуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), освоила 83 мандати, а најдобри резултати постигнала во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.
Од друга страна, коалицијата предводена од Демократската партија на Сали Бериша „Алијанса за величествена Албанија“ во која се 25 партии, има 51 место.
Што се однесува до помалите партии, Социјалдемократската партија на Том Доши е третата политичка сила во Собранието со 3 мандати, додека коалицијата „Иницијатива Албанија станува“, партијата „Можност“ и Движењето „Заедно“ имаат по еден мандат.
Излезните анкети објавени од „Албениан пост“ синоќа најавија изборен триумф на актуелниот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, со освоени 51,8 проценти од гласовите или 79 мандати, додека неговиот опонент Бериша, 38 проценти од гласовите, што ѝ носи 54 пратенички места.
По објавата на анкетите, Рама кусо изјави дека нема да коментира резултати се до утре до 24 часот кога комисијата треба да ги објави првичните резултати, додека Бериша обвини „дека немало никакви анкети туку се е по наредба на Рама“.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
