Радев соопшти дека мандатот за формирање нова влада на Бугарија ќе го даде по Нова Година

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека ќе го предаде првиот истражувачки мандат за формирање влада по Нова Година.
Истражувачки мандат е мандат за испитување на можностите за формирање влада. Тоа е официјална постапка во која претседателот на Бугарија му го доверува мандатот на кандидат за премиер за тој да „проучи“ дали може да обезбеди мнозинство во Собранието за да состави влада.
Тој рече дека за време на консултациите со партиите е изразено заедничко мислење дека „довербата во 51-то Народно собрание е исцрпена, дијалогот меѓу политичките сили е уништен, а можноста за предвремени парламентарни избори веќе се наѕира на хоризонтот“, пренесе БТА.
Радев ја истакна потребата од итни мерки за обновување на довербата во изборниот процес, кој според него, бил тешко компромитиран. Тој изјави дека очекува политичките сили да ги почитуваат обврските преземени за време на консултациите и да ги донесат неопходните законски измени за минимизирање на субјективниот фактор при гласањето и утврдувањето на резултатите. Како конкретни мерки тој ги наведе воведувањето на 100 проценти машинско гласање со електронско броење и контролно пребројување.
Румен Радев ја критикуваше бугарската влада, наведувајќи дека е нечесно одговорноста за неуспесите во управувањето, контролата на цените, спиралата на долгот и социјалната заштита на луѓето да се префрла врз други, вклучително и преку санкции против граѓаните што протестираат.
Владата, која насилно ги наметна своите интереси и одлуки, без да ги земе предвид бугарските граѓани, треба да ја носи својата политичка одговорност до крај, додека не ја преземе функцијата следната привремена влада, без да се откаже од своите уставни обврски, истакна бугарскиот претседател.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
